Македонија на 41. место од 48 европски економии по БДП по жител, СДСМ ја обвинува владата за економски колапс

Според најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд, БДП по жител во Македонија за 2026 година ќе изнесува 11.762 долари, што ја позиционира земјата на 41. место меѓу 48 европски економии.

5

Македонија е рангирана на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот БДП по жител за 2026 година.
На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска.

Според проекциите на ММФ, БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија со 17.126 долари, Црна Гора со 16.211 долари и Албанија со 13.968 долари. Босна и Херцеговина е на 43. место.

Разликата со најбогатите европски економии останува огромна – Германија има повеќе од пет пати повисок БДП по жител.

Ова е реалната состојба на економијата. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

Реалноста е 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки.

Мицкоски самиот кажа дека пари во буџетот нема ни за избори, затоа што државата би банкротирала.

Сега на граѓаните им е јасно во каква состојба е економијата во земјата и сè она што СДСМ го зборува последната година.

Мицкоски се бори само за своите криминални тендери и за својот профит како шеф на организираната криминална група што ќе ја осиромаши земјата во целост.

Единственото што сеуште се плаши е да ги сокрие податоците од Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Зошто? Затоа што Мацура е нивниот личен банкар.

Пари во буџетот нема, но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

(интегрален текст од соопштението на СДСМ)