Бујар Османи во Брисел загрижен за евроинтеграциите и Охридскиот договор
Првиот ден, вчера, започна со средби со Емануел Жиофре, директор за Европа во Европската служба за надворешна акција (EEAS), и Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан во DG NEAR на Европската комисија, како и со европратениците Лукас Мандл (AFET) и Илхан Ќучук, поранешен известувач за Македонија.
Денес, во вториот ден, Османи продолжува со густа институционална агенда. Утрото започна со средба со Андреја Вихер Вајт и Адел Марсуло од кабинетот на комесарката за проширување Марта Кос.
Следуваат посебни средби во Европскиот парламент со европратениците Владимир Пребилич, Тис Ројтен и Матијаж Немец.
Во сите разговори доминираа две прашања: сериозната загриженост за уривањето на Охридскиот мировен договор како столб на соживот и меѓуетничката стабилност.
Османи алармираше дека се реализира подготвен и организиран план за поништување на мировниот договор — план кој веќе ги урна неговите главни столбови, оставајќи вакуум кој создава сериозна непредвидливост и кој лесно може да биде злоупотребен од трети страни.
Тој исто така зборуваше за итната потреба за надминување на блокадата во процесот на европска интеграција, особено земајќи го предвид моментумот на проширувањето и напредокот постигнат од Црна Гора и Албанија.
Османи нагласи дека внатрешната и надворешната интеграција бараат храбри одлуки внатре во земјата, но и јасна и постојана посветеност од европските партнери.