ГЕОПОЛИТИЧКИ ТРЕСОК НА БАЛКАНОТ: Долниот дом на романскиот парламент „премолчено“ усвои закон за обединување со Молдавија

11

Долниот дом на романскиот парламент донесе контроверзна одлука со која го усвои нацрт-законот за обединување на Романија со Република Молдавија. Иако предлогот доби негативни мислења од владата и матичните комисии, тој помина низ „мала врата“ поради процедурални причини и сега се сели на финално одлучување во Сенатот.

Законската иницијатива, поднесена од пратениците на десничарската партија „S.O.S. Романија“, беше усвоена според механизмот на „премолчено одобрување“. Имено, согласно член 75 од романскиот Устав, бидејќи Долниот дом не одржа пленарна дебата ниту гласање во предвидениот рок, нацртот автоматски се смета за прифатен во неговата оригинална форма.

Веднаш почеток на преговори за нова држава

Предлогот предвидува романскиот парламент официјално да ја донесе одлуката за обединување, повикувајќи се на Хелсиншкиот завршен акт. Овој меѓународен документ дозволува промена на државните граници исклучиво преку мирни и дипломатски средства.

Доколку законот биде потврден и од Сенатот, романската влада ќе биде законски овластена „итно и веднаш“ да започне преговори со властите во Кишињев за финализирање на процесот на обединување.

Известување до НАТО, САД и Обединетите нации

Документот предвидува дека по неговото официјално објавување во „Службен весник“, Букурешт ќе има обврска формално да ги извести сите клучни меѓународни партнери и организации, вклучително и Соединетите Американски Држави, НАТО, ОН и Европската Унија, за чекорите кон создавање заедничка држава.

Иако оваа одлука предизвика сериозни реакции во јавноста, политичките аналитичари посочуваат дека патот до реализација на ваков закон е полн со препреки, особено со оглед на негативниот став на актуелната влада и сложената безбедносна ситуација во регионот. Сепак, самото негово усвојување во првата фаза претставува преседан кој може значително да ги затегне односите на Балканот.

Македонски