Општина Центар исплати по 10.000 денари за 243 новороденчиња: Еднократната помош зголемена од 7.000 денари
Вкупно 243 семејства од Општина Центар оваа година добиле еднократна финансиска помош од 10.000 денари за новороденче, откако локалната самоуправа ја зголеми поддршката од претходните 7.000 денари.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека зголемувањето на помошта е дел од исполнетото ветување на општината за конкретна поддршка на младите родители.
„Доаѓањето на принова е еден од најубавите моменти во семејството, но носи и нови обврски и трошоци. Знаеме дека во тие моменти секоја финансиска помош е добредојдена. Затоа решивме да ја зголемиме еднократната поддршка и тоа ветување го исполнивме. За нас е важно грижата за семејствата да не остане само на зборови и ветувања, туку да се претвори во конкретна поддршка што граѓаните директно ја добиваат”, изјави Герасимовски.
Тој додаде дека Општина Центар продолжува да вложува во семејствата, со посебен фокус на најмладите жители и создавањето подобри услови за нивниот раст и развој.