ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон – Македонија првпат со претставничка во главната фаза!

100

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари историски подвиг пласирајќи се во главниот дел од турнирот на неофицијалното светско првенство – Вимблдон. Со доминантна игра во последното квалификациско коло, таа ја совлада италијанската тенисерка Луција Бронзети, испишувајќи нови страници во македонската спортска историја.

Лина Ѓорческа одигра брилијантен меч во третата квалификациска рунда, каде за само 75 минути експресно ја елиминираше 127-та тенисерка на ВТА листата, Луција Бронзети. Македонската тенисерка не и остави ниту најмала шанса на противничката, славејќи со убедливи 2:0 во сетови (6:1 и 6:2).

Ѓорческа во текот на целиот меч ја контролираше играта, покажувајќи исклучителна ментална стабилност и квалитет на тревната подлога. Овој триумф значи дека Македонија за првпат во својата историја ќе има своја претставничка во главната женска конкуренција на најпрестижниот тениски турнир во светот.

По успешно пребродените квалификации, Лина сега ги очекува противничките во првото коло од главниот турнир, каде потенцијално може да се соочи со некои од најголемите светски тениски имиња. Овој успех е круна на нејзината долгогодишна кариера и огромен мотив за понатамошен напредок на ВТА ранг-листата.

Македонски