МЕТЕЖ НА ГРАНИЦИТЕ: На „Богородица“ и „Табановце“ се чека по 30 минути, на патиштата низ државата суви коловози

4

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено и во главно по суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Сепак, поради зголемениот прилив на патници карактеристичен за почетокот на летната сезона, на неколку гранични премини е регистрирана поголема фреквенција на возила.

Задржувања на граничните премини

Според последните информации, најфреквентно е на јужната и северната граница. На граничните премини „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ времето на задржување за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања и протокот на патници е редовен.

Отворен патниот правец низ Галичица

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Од АМСМ потсетуваат дека во функција е сезонскиот режим на сообраќај на патниот правец Охрид – Ресен, кој минува низ Националниот парк Галичица. Оваа делница е отворена за движење на сите видови моторни возила со вкупна маса до 3,5 тони.

Апел за внимателност поради појава на одрони

Поради карактеристиките на теренот, АМСМ упатува предупредување до возачите за можна појава на одрони низ клисурите и речните долини. Посебна внимателност се препорачува на следните правци:

  • Катланово – Велес;
  • Маврово – Дебар – Струга;
  • Виница – Берово;
  • Кочани – Делчево.

На возачите им се советува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно следење на состојбата на патот.

Македонски