Прекин во водоснабдувањето во Центар и Гази Баба
Прекин во водоснабдувањето денеска од 9:00 часот до завршување на работите ќе имаат корисниците од улицата „13 Ноември“ во општина Центар, како и корисниците на дел од населбата Сингелиќ во општина Гази Баба.
Дополнително, од 10:00 часот без вода ќе останат и корисниците на дел од улицата „Наум Наумовски Борче“, на потегот од „Ленинова“ до „Орце Николов“, исто така во општина Центар.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека прекините се поради:
-
промена на вентил на Кеј „13 Ноември“ б.б., кај објектот на Комерцијална банка,
-
изведување нов водоводен приклучок ф-80 мм на ул. „Пиринска“ бр. 49,
-
реконструкција на водоводна мрежа ф-250 мм на ул. „Методија Андонов Ченто“ (кај Макпетрол) во населбата Сингелиќ.
Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на работните активности.