Тимчо Муцунски од Блед: Го продлабочуваме стратешкото партнерство со САД, разговаравме и за безбедноста и НАТО

0

Во фокусот на разговорот биле билатералните односи и натамошното продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, со посебен акцент на областите од заемен интерес.

Муцунски информира дека со Хукер разговарале за енергетската безбедност, регионалната поврзаност и можностите за унапредување на економската и трговската соработка.

На средбата биле разменети мислења и за актуелните безбедносни предизвици, како и за состојбите во рамките на НАТО.

„Го потврдивме високото ниво на билатералните односи и цврстото стратешко партнерство, како и заедничката определба за негово натамошно продлабочување и проширување во областите од заемен интерес“, објави Муцунски.

Тој оцени дека стратешкото партнерство со САД и сојузништвото во НАТО имаат значаен придонес за колективната безбедност, стабилноста и отпорноста на регионот.

Средбата се одржа во рамки на учеството на Муцунски на Бледскиот стратешки форум.