ВО ЧЕТВРТОК АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ: Надлежните со апел до пчеларите во Скопје
На подрачјето на Град Скопје в четврток, на 7 мај 2026 година, ќе се спроведе авионска дезинсекција насочена кон уништување на ларвите од комарци. Според најавите, третирањето од воздух ќе се реализира во раните утрински часови.
Надлежните посочуваат дека реализацијата на процесот ќе зависи од метеоролошките прилики. Доколку во предвидениот термин временските услови бидат неповолни (дожд или силен ветер), дезинсекцијата ќе биде одложена. Во таков случај, прскањето ќе се изврши во истиот утрински термин, првиот нареден ден кога временските услови ќе дозволат безбедно и ефикасно летање.
Важно известување за пчеларите
Поради користењето на средства за дезинсекција кои се распрскуваат од воздух, се упатува посебен апел до сите пчелари кои имаат свои сандаци на територијата на Скопје и пошироката околина. Тие се замолуваат навремено да ги преземат сите неопходни превентивни мерки за заштита на своите пчелни семејства, со цел да се избегнат несакани последици.