ВМРО-Народна партија: Изборот на директор на МРТВ е нетранспарентен и спротивен на мерит-системот

55

Зачудени сме од лежерноста кон последното грубо кршење на законите при изборот на новиот директор на МРТВ.

Кога првиот човек на институција која се финансира од граѓаните се избира во затворени кругови и кога критериумот на пријателство со моќници од Власта претежнува над мериторниот систем, тогаш јавниот сервис престанува да биде сервис на јавноста и станува мегафон на Власта.

ВМРО-Народна партија смета дека процесот на избор не беше спроведен со доволна транспарентност и јасност во однос на критериумите за избор.

Особено загрижува недостигот на детално образложение за донесената одлука, како и отсуството на јасни и мерливи критериуми врз основа на кои е направен изборот меѓу седумте кандидати.

Дополнително, загрижува фактот што како пресуден елемент во изборот се наведува предлог-програмата за работа, која по својата природа претставува визија и концепт, а не реално проверлива изведба.

Јавниот радиодифузен сервис заслужува целосно транспарентни, професионални и објективни процеси, засновани на јасно дефинирани стандарди и вреднување на стручноста и искуството.

Затоа ВМРО-Народна партија бара јавно објавување на биографиите на кандидатите, бодовната листа и програмите на сите кандидати за директор на МРТВ.

 

(интегрален текст од соопштение на ВМРО-Народна партија)

Македонски