Повторени локални избори во четири општини на 11 јануари 2026 година

5

Повторените локални избори во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа ќе се одржат на 11 јануари 2026 година, откако во првиот изборен круг минатиот месец не беше постигната законски предвидената минимална излезност. Граѓаните од овие општини ќе добијат втора шанса да изберат градоначалници и советници.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес го потпиша актот со кој формално се распишуваат повторените избори, во согласност со Уставот, Изборниот законик и релевантната регулатива. Тој информираше дека со стапувањето во сила на актот, надлежните институции ги започнуваат законските постапки и рокови за организирање на изборниот процес.

„Упатувам повик до Државната изборна комисија, општинските изборни комисии и набљудувачките организации да постапуваат совесно, транспарентно и професионално. Ги охрабрувам сите политички субјекти и кандидати да водат мирен, фер и демократски изборен процес, во духот на изборните стандарди и европските вредности“, изјави Гаши.

Тој повика и на висока излезност, нагласувајќи дека учеството на граѓаните е клучно за легитимитетот на локалната власт. „Повторувањето на изборите ја потврдува важноста на секој глас во процесот на локално одлучување и во зајакнувањето на институционалниот легитимитет“, додаде претседателот на Собранието.

Makedonski