Почина Панчо Минов – поранешен градоначалник на Кавадарци и пратеник
На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и долгогодишен пратеник во Собранието на Македонија.
Минов беше дипломиран правник и една од позначајните политички фигури во поновата македонска историја, со повеќедецениско искуство во јавниот и политичкиот живот.
Во локалната самоуправа, Минов двапати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Покрај тоа, имаше и богата пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе парламентарни состави. Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав на Собранието (1990–1998), а подоцна повторно беше дел од законодавниот дом како пратеник на ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
 
			