СВР Велес со нови детали за двојното убиство и самоубиство
СВР Велес попладнево излезе со нови информации за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Велес.
Според соопштението, на местото бил затекнат Ф.Т. од Велес, сегашен партнер на убиената Р.К., кој изјавил дека заедно со неа отишле во домот на нејзиниот татко, бидејќи тој не се јавувал. Откако Р.К. ја отворила вратата, нејзиниот поранешен партнер И.С. (39) од Скопје ја нападнал со остар предмет и ја заклучил вратата.
Полицијата потоа влегла во домот, каде што го пронашла мртво телото на таткото на Р.К. – К.К. (74), кој имал повреди од остар предмет. Во домот бил пронајден и И.С. со повреди од остар предмет, за кој се сомнева дека сам се повредил по нападот. Тој бил пренесен во болницата во Велес, каде што лекарите констатирале смрт.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Велес. По наредба на обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција. Случајот е сè уште во истрага, а се преземаат мерки за целосно расчистување.