Портокалов метео-аларм: Македонија под влијание на пеколен топлотен бран, температурите до 40 степени

14

Македонија влегува во фаза на екстремно високи температури кои ќе се задржат во текот на целиот викенд, но и во текот на следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде официјално предупредување дека денеска е активно портокалово ниво на опасност од високи температури во целата земја.

Според метеоролозите, не очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат во интервал од 33 до максимални 40 степени, додека ноќните температури нема да донесат значително освежување и ќе се движат помеѓу 12 и 20 степени.

Можна локална нестабилност попладне

Иако доминира топлотниот бран, во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност. На одредени места можни се појави на пороен дожд проследен со ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој на моменти ќе засилува и ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Во Скопје температури до 39 степени

Сличен временски профил се очекува и во главниот град. Скопје денеска ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса со мала до умерена облачност. Утринската температура во Скопје изнесуваше околу 18 степени, додека дневниот максимум ќе се искачи до високи 39 степени.

Поради портокаловата фаза, се препорачува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за заштита од сонце, да избегнуваат престој на отворено во најтоплиот период од денот и да внесуваат доволно количество течности.

Македонски