Грипот во благ пад – 1.113 нови случаи за една недела, Скопје со најголем број заболени

7

Во периодот од 16 до 22 февруари во земјава се пријавени 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува намалување од 3,2 отсто во однос на претходната недела, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Вкупниот број случаи во сезоната 2025/2026 достигна 14.984.

Најпогодени децата до четири години

Во однос на возрасната дистрибуција на заболените:

  • 15–64 години: 621 лице
  • 5–14 години: 185 деца
  • До 4 години: 164 деца
  • Над 65 години: 143 лица

Највисока инциденца на заболување е регистрирана кај најмладата возрасна група – децата до четири години.

Скопје со 60 отсто од случаите

Најголем број заболени лица се пријавени во Скопје – 669, што претставува речиси 60 отсто од вкупниот број случаи во целата земја. Следуваат Струмица со 81, Прилеп со 61, Тетово со 50, а Гевгелија и Охрид со по 37 заболени.

Во Битола, Куманово, Дебар, Струга, Кичево, Штип, Кавадарци, Неготино, Пробиштип, Гостивар, Радовиш, Свети Николе, Велес, Кратово и Македонски Брод, бројот на заболени е помал од 30.

Без ниту еден пријавен случај останаа Крушево, Валандово, Крива Паланка, Демир Хисар, Берово, Кочани, Ресен, Виница, Делчево и Пехчево.

Речиси 80.000 вакцинирани

Заклучно со осмата недела од сезоната, во земјава се вакцинирани вкупно 79.118 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Македонски