Јотова му се пожали на Фицо: Македонија не ги исполнува обврските преземени во 2022 година

0

Јотова на Фицо му кажала дека Бугарија има „одредени проблеми“ со Македонија и со нејзиното членство во Европската Унија, при што побарала „Скопје да ја следи европската политика за пристапување“.

„Знаете дека имаме одредени проблеми со Република Северна Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Ја бараме вашата поддршка Скопје да ја следи европската политика за пристапување. Веќе четири години не гледаме напредок во исполнувањето на обврските преземени во 2022 година“, изјавила Јотова, пренесе бта.бг.

Темата за проширувањето на Европската Унија била дел од разговорите меѓу Јотова и Фицо, при што според соопштението од кабинетот на бугарската претседателка, двајцата биле категорични дека процесот на пристапување треба да се одвива според правилата и врз основа на постигнатите заслуги на земјите кандидати.

Според јавно достапните информации, Фицо не дал конкретен одговор на барањето на Јотова во врска со барањето за Македонија.

Во соопштението на словачката влада за средбата на Фицо со Јотова, главниот акцент бил ставен на билатералните односи, соработката во образованието и културата, економските врски и меѓународните прашања.

The post Јотова му се пожали на Фицо: Македонија не ги исполнува обврските преземени во 2022 година appeared first on МКД.МК.