Почина Младен Жижовиќ, поранешниот тренер на Шкупи

4

Голема трагедија го потресе српскиот и регионалниот фудбал. Младен Жижовиќ, поранешен тренер на Шкупи и актуелен стратег на Раднички Крагујевац, почина на само 44-годишна возраст, откако му се слошило за време на натпреварот против Младост Лучани во српското првенство.

Настанот се случил во првото полувреме, кога Жижовиќ почувствувал здравствени проблеми. Медицинските екипи веднаш реагирале и го префрлиле во болница, но, за жал, и покрај брзата интервенција, неговиот живот не можел да се спаси.
Натпреварот во Лучани бил веднаш прекинат.

Жижовиќ потекнува од Босна и Херцеговина, а во текот на својата тренерска кариера го предводеше Шкупи во сезоната 2023/24, по што ја презеде клупата на Борац Бања Лука, со кој го постигна најголемиот успех во историјата на клубот – пласман во Лигата на конференции.

Оваа година се раздели со Борац и пред само неколку дена го презеде Раднички Крагујевац, а трагичниот настан се случи на неговиот втор меч како тренер на српскиот прволигаш.

Во својата кариера беше тренер и на Слобода Тузла, Зрински Мостар и Радник Бијељина, оставајќи зад себе богато искуство и силен печат во фудбалот на регионот.

Makedonski