Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

4

Александар Јовановски е именуван за нов директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје.

На функцијата доаѓа од Град Скопје, каде што работеше како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно беше ангажиран и во Секторот за локален економски развој.

Јовановски има повеќегодишно искуство во приватниот сектор, каде што работел како раководител на организациска единица во трговија, како и ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина, каде што учествувал во реализација на еколошки и општествено одговорни проекти.

Тој е дипломиран менаџер на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и поседува меѓународен сертификат за институционални пристапи за заштита на животната средина.

Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски најавува дека ќе придонесе за унапредување на стандардите во претпријатието, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје.

Makedonski