Лишен од слобода маж во Чаир – слушнати истрели, полицијата реагирала веднаш
На 26 октомври 2025 година, околу 20 часот, на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Т. (30) од Скопје.
Според информациите од МВР, околу 19:45 часот во полиција било пријавено дека на подрачјето на Чаир се слушаат истрели од огнено оружје. Веднаш по пријавата биле преземени соодветни мерки и активности, при што полициските екипи го затекнале и привеле Р.Т., кај кого бил пронајден пиштол.
„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.