Навивачи на Сантос влегоа на тренинг по срамниот пораз од Васко Де Гама
Големи, огромни проблеми има тимот на Сантос, и големата звезда Нејмар. По доживеаниот срам и поразот од Васко Де Гама од 0:6, ситуацијата во клубот е страшна, а се знае како ќе реагираат и навивачите на овој легендарен бразилски состав.
Тие го замолија Нејмар да даде повеќе од себе на теренот: „Ти си ѕвездата на овој тим, ти си најдобриот играч на планетата. Ако плачеш, замисли ги и другите. Ако се тепаш со навивач, ќе биде полошо за сите.“ – напишаа навивачите.
Нејмар беше првиот што критикуваше откако го напушти теренот во солзи.