ДУИ се ребрендира по втор пат за „обединет пристап на претстојните октомвриски избори“

19

Со новото лого на Националната алијанса за интеграција (АКИ), ДУИ најавува обединет настап на претстојните октомвриски избори.

Од ДУИ порачаа дека Албанците се соочуваат со тешки времиња и сè помалку се почитувани од актуелната власт, која, како што велат, нема етнички легитимитет меѓу нив. И покрај предизвиците, партијата потсети дека останува посветена на европската перспектива кон која тежнее.

„Денес е потребно единство – најпрво меѓу сите Албанци, кои треба да застанат еден зад друг, но и меѓу сите кои не се откажуваат лесно и веруваат дека во нашата земја може да изградиме подобра иднина за нашите деца,“ порачуваат од ДУИ.

Од партијата нагласуваат дека интеграцијата во големото европско семејство останува водилка и дека заедништвото е услов за иднината што граѓаните ја заслужуваат.

Makedonski