Падна авион на српската војска кај Пазова: Први неофицијални информации за несреќа
Според првичните неофицијални информации, воено летало се урнало на земјоделска површина меѓу Нова и Стара Пазова, додека на терен се итни служби и воена полиција.
Според пишувањата на медиумите, воено летало, за кое неофицијално се наведува дека станува збор за авион од типот „Миг-29“, се срушило на нива помеѓу Нова и Стара Пазова во Република Србија.
На социјалните мрежи веднаш беа објавени први снимки од запаленото летало, додека на самото место се упатени бројни екипи на противпожарната служба, брзата помош, полицијата и воената полиција.
Тековни информации од терен
Засега сè уште нема официјални потврди од Министерството за одбрана на Србија во врска со причините за падот, ниту пак постојат прецизни информации за состојбата на членот или членовите на екипажот.
Надлежните служби вршат обезбедување на местото на несреќата, а повеќе детали се очекуваат по официјалното соопштение од надлежните институции.