МВР учествуваше во меѓународна операција за сузбивање на онлајн измами и перење пари координирана од Интерпол
Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка учествуваше во меѓународната операција „FIRSTLIGHT 2026“ за сузбивање на онлајн измами и перење пари координирана од Интерпол, која се реализираше во периодот од 15.01.-30.04.2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел откривање и сузбивање на измами со модус социјален инженеринг и поврзани активности на перење пари.
Измамите засновани на социјален инженеринг претставуваат облик на криминал при кој сторителите ја злоупотребуваат довербата на граѓаните и правните лица со цел незаконско стекнување парични средства или доверливи информации. Во оваа категорија спаѓаат измами преку компромитирање на службена електронска пошта (business e-mail compromise), инвестициски измами, романтични измами, измами со лажно претставување, сексуална уцена (sextortion) и други форми на онлајн измами.
Во рамките на операцијата на глобално ниво беа спроведени интензивни активности за размена на оперативни и разузнавачки информации, претреси на локации, блокирање и замрзнување на банкарски сметки и виртуелни паричници, како и користење на механизмите на Интерпол за брзо запирање на незаконски финансиски трансакции.
На глобално ниво, операцијата резултираше со:
Министерството ќе продолжи активно да соработува со Интерпол и меѓународните партнери во откривањето, спречувањето и гонењето на сторителите на онлајн измами и заштитата на граѓаните од пософистицираните облици на дигитален криминал.