Без одговор по скоро една година од иницијативата за промена на името на паркот „Бановина” во Лисиче

37

Советникот Даниел Самарџиски од ВМРО-Народна партија побара одговор од општина Аеродром за иницијативата поднесена пред скоро една година за промена на името на паркот во Лисиче од „Бановина” во „Осми септември”. Од поднесувањето на иницијативата на 29 април минатата година, од општината нема ниту одговор ниту преземен чекор.


Поднесена иницијатива за преименување на паркот „Бановина“ во Лисиче


 

Иницијатива без одговор од април 2025

На советничките прашања одржани вчера во Советот на општина Аеродром, советникот Даниел Самарџиски побара информација до каде е стигната неговата иницијатива и дали воопшто е преземен некаков чекор за нејзина реализација.

Иницијативата беше поднесена на 29 април минатата година и предлагаше промена на досегашното име на паркот во населбата Лисиче од „Бановина” во „Осми септември”.

Од тогаш до денес – нема никаков одговор ниту чекор напред од општинските власти.

Прашање и за дератизацијата

Самарџиски постави и второ прашање до градоначалникот на општина Аеродром – дали постои план и каква ќе биде динамиката за дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територијата на општина Аеродром во наредниот период.

Тој потенцираше дека со доаѓањето на потоплото време, логично е навремено да се преземат превентивни мерки за заштита на јавното здравје.

Македонски