Избран изведувач за реконструкција на Универзална сала – завршување до декември 2027

8

Министерството за култура и туризам соопшти дека постапката за избор на изведувач за реконструкција на Универзална сала во Скопје е успешно заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби последната жалба. Салата, која е надвор од функција од 2015 година, треба да биде готова до декември 2027, пред Скопје да ја понесе титулата Европска престолнина на културата 2028.

Отстранета последната правна пречка

Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда од 23 март 2026 година.

„Со ова се отстранува и последната правна пречка за почеток на градежните работи”, соопштија од Министерството за култура и туризам.

Проектот се реализира по принципот „клуч на рака”, а во соопштението не е наведено точниот датум за почеток на градежните активности.

Надвор од функција од 2015 година

Универзална сала е надвор од функција од 2015 година, а оттогаш не се одржуваат концерти и настани во неа. Објектот беше дополнително оштетен и во пожарот во 2024 година, што дополнително ја усложни состојбата.

Подготовка за Европска престолнина на културата 2028

Реконструкцијата е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за носењето на титулата Европска престолнина на културата 2028. Завршната фаза се очекува да биде реализирана до декември 2027 година.

„Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани. Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, во нашите уметници, во нашата публика и во идните генерации”, велат од Министерството.

Македонски