Предлогот-законот за јавното обвинителство денеска на собраниската комисија за политички систем
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е предлог-одлуката за одржување јавна расправа по предлогот-законот за јавното обвинителство.
Комисијата за финансирање и буџет, пак, ќе расправа за предлогот-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка, двата во прво читање.
По овие два предлог закони ќе расправаат и членовите на Законодавно-правната комисија.