МВР ја објави трасата на најавениот марш „Стоп за Цементара“ низ Скопје

5

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека утврдената маршрута на движење на најавениот марш ќе започне пред зградата на Владата на булеварот „Илинден“. Од таму, учесниците ќе продолжат десно по булеварот „ВМРО“, по што ќе се движат по улиците „Васил Главинов“, „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“, сѐ до Собранието.

Како што соопштува МВР, маршот ќе заврши на улицата „Филип II Македонски“, пред објектот на Министерството за животна средина.

Македонски