Заборавениот хероизам: Кога Охрид, Струга и Дебар прогласија слобода замижувајќи пред поделбата во Букурешт

Септември би требало да е месец на „не“намерно заборавеното Охридско-Дебарско востание и неговите предводници Милан Матов, Петар Чаулев, Сефефин Пустина.

6

Охридско-Дебарското востание е еден од најважните, но често заборавени оружени отпори во македонската историја, подигнат во септември 1913 година.

Востанието избувнува само еден месец по Букурешкиот мировен договор, со кој Македонија е поделена, а нејзиниот вардарски дел потпаѓа под власт на Кралството Србија.

  • Заеднички фронт: Востанието е организирано како заеднички вооружен отпор на македонското и албанското население во југозападниот дел на Македонија, организирано од страна на ВМРО (предводени од Петар Чаулев, Милан Матов, Павел Христов) и албанските чети на Сефедин Пустина.

  • Тек на борбите: Востанието избувнува предвреме во Дебарско, а набрзо востаниците успеваат да ги ослободат Дебар, Струга, Охрид и Кичево, каде што е воспоставена привремена народна власт.

  • Сурово задушување: Српската власт испраќа редовна армија од над 100.000 војници за задушување на востанието. Борбите завршуваат со тешки последици — стотици цивили се убиени, десетици села се запалени, а десетици илјади луѓе пребегнуваат како бегалци кон Албанија и Бугарија.

Ова востание претставува прв голем организиран обид за ревизија на насилното распарчување на Македонија по Балканските војни.