Средба во Торонто: Љубчо Георгиевски разговараше со раководството на Македонската патриотска организација (МПО)

348

Поранешниот премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, за време на својот престој во Канада, оствари средба со раководството на Македонската патриотска организација (МПО) во Торонто.

На средбата присуствуваа актуелниот претседател на организацијата, Ник Стефанов, како и еден од долгогодишните поранешни лидери на ова иселеничко здружение, Фред Меанчов.

Георгиевски преку социјалните мрежи сподели фотографија од средбата, потсетувајќи на историската улога и значењето на оваа организација во зачувувањето на идеалот за независност.

„МПО е најстарата македонска организација во дијаспората која секогаш се бореше за самостојна држава“, напиша Георгиевски во својата објава.

Македонската патриотска организација (МПО), основана уште во 1922 година во Форт Вејн (САД), претставува најстаро постоечко здружение на македонската емиграција на северноамериканскиот континент, кое со децении низ своите ограноци во САД и Канада развиваше активна политичка и културна дејност.