ВМРО-НП со честитка за 8 Септември: Да ја чуваме независноста преку европските вредности, демократијата и економскиот напредок

32

Генералниот секретар на ВМРО-Народна партија, Љупчо Балкоски, упати честитка до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, повикувајќи на посветена работа, чување на државноста и непоколеблива определба за европската иднина на земјата.

Во својата празнична порака, Балкоски истакна дека суверенитетот и самостојноста мора континуирано да се негуваат преку конкретни дела и прифаќање на современите демократски стандарди.

„Честит да е Денот на независноста на Македонија! Наша заедничка должност е да работиме, да создаваме и бескомпромисно да ја чуваме независноста на нашата држава. Тоа најдобро ќе го направиме со јасна и искрена определба за полноправно членство во Европската Унија, градејќи општество втемелено врз европските вредности – функционална демократија, забрзан економски развој, сеопфатен просперитет и целосно почитување на основните човекови права и слободи“, порача Балкоски.