ОФАНЗИВА ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ ВО СКОПЈЕ: Прскање од земја од понеделник, апел до пчеларите за заштита

4

Град Скопје започнува со нова фаза на терестрична дезинсекција со цел намалување на популацијата на комарци во главниот град. Акцијата ќе се спроведува во текот на следната недела на целата територија на градот, во доцните ноќни часови.

Дезинсекцијата против возрасни форми на комарци ќе започне во понеделник (13 јули 2026 година) и ќе се одвива во четири последователни дена, заклучно со 16 јули. Прскањето ќе се врши со специјални возила од земја, во терминот од 22:00 до 03:00 часот по полноќ, кога фреквенцијата на граѓани е најмала.

Од градската администрација нагласуваат дека оваа активност е клучна за обезбедување попријатен престој на отворено и заштита на здравјето на граѓаните во летниот период.

Важни напомени за пчеларите и временските услови

Градските власти упатуваат посебен апел до пчеларите да бидат во состојба на подготвеност. Потребно е навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства и да ги затворат кошниците за време на предвидените термини на дезинсекција.

Доколку временските прилики (силен ветер или дожд) не дозволат безбедно и ефикасно прскање, акцијата ќе биде одложена за наредниот ден кога метеоролошките услови ќе бидат поволни.

Граѓаните кои во овој период ќе се најдат на отворено во доцните часови, се советуваат на кратко да се повлечат од местата каде што поминуваат возилата за дезинсекција.

Македонски