Муцунски во официјална посета на Катар
Во рамки на посетата, Муцунски, како што информираат од Министерството, се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи.
Во програмата се предвидени и средби со претставници на повеќе инвестициски фондови и катарски компании, како и потпишување на неколку билатерални документи.
За време на посетата, од МНРиНТ посочуваат, дека се очекува да биде потврдена заемната подготвеност за натамошно јакнење на односите меѓу Македонија и Катар во сите сфери од заемен интерес.