Пратеникот Илир Демири ја напушти коалицијата и ќе делува како независен

5

Пратеникот Илир Демири од денес повеќе не е дел од постојната коалициска структура и ќе продолжи да функционира како независен пратеник. За неговата одлука бил официјално известен претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираат од кабинетот на Демири.

Демири влезе во законодавниот дом како дел од Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, избран во шестата изборна единица. Оваа групација на последните парламентарни избори беше дел од Коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ.

Промената следува по неодамнешната најава на Села дека ја прекинува политичката соработка со ДУИ. На 18 ноември, Централното претседателство на Алијансата за Албанците објави дека партијата ќе продолжи да дејствува самостојно, а нејзините пратеници во Собранието ќе оформат независна пратеничка група.

Македонски