Во паралелен универзум: ВМРО-ДПМНЕ бара промени во СДСМ
Во соопштение за јавноста ВМРО-ДПМНЕ побара смена на Венко Филипче како и реструктуирање на СДСМ бидејќи како што велат, „на Македонија и е потребна силна опозиција“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, резултатите од локалните избори покажуваат дека „нереформираната СДСМ под водство на Филипче и во сенката на Заев“ освоила само шест општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, при што ги изгубила и своите традиционални бастиони.
„Сè додека СДСМ е управувана од дуото Филипче–Заев, партијата е далеку од можност за прогрес, консолидација и реформација. За да преживее политички, потребен е прекин на папочната врвца со нив,“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија додаваат дека доколку СДСМ сака да го продолжи својот политички опстанок, Филипче треба да поднесе оставка од лидерската позиција.
„Македонија има потреба од силна опозиција, но надвор од периметарот на Филипче и Заев,“ стои на крајот од партиското соопштение.