Доделени уверенијата на градоначалникот и советниците од Општина Аеродром

15

Денеска, официјално им беа врачени уверенијата за нов мандат на градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, како и на советниците кои во следните четири години заеднички ќе ги носат сите проекти за развој на општината.

Советот на Општина Аеродром брои 27 членови од кои на последните локални избори 2025 година за место во општинскиот совет се изборија 15 кандидати од „ВМРО-ДПМНЕ“, 5 кандидати од „СДСМ“, 6 кандидати од „Левица“ и 1 кандидат од „ЗНАМ“.

Makedonski