Дали со оставката на поранешната потпретседателка на СДСМ Ана Чупеска „тргна возот на промените“ во опозицијата?
На два дена пред вториот круг на локалните избори своја неотповиклива оставка од позицијата потпретседател на СДСМ поднесе Ана Чупеска.
Според политичките кулоари, ваквиот потег се должи на слабиот изборен резултат во првиот изборен круг или пак е дел од најавеното реструктуирање на СДСМ кое според Филипче треба да биде одговор на лошите резултати, а треба да донесе нова и свежа сила која ќе работи на зајакнување на опозицијата во Македонија.
Денеска своја неотповиклива оставка поднесе и претседателот на општнската организација на СДСМ од Ѓорче Петров, Костадин Ацевски со порака дека оставка треба да поднесе и претседателот Венко Филипче но и цела организација да понесе одговорност за лошите резултати како и „погрешниот начин на раководење со партијата и изборите“.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче и синоќа после објавувањето на првичните резултати од вториот круг кажа дека нема намера да поднесува оставка и дека во наредниот период ќе следат сериозни партиски и политички промени во рамки на СДСМ.