Вардар нов лидер по големата победа во Тетово

2

Скопски Вардар е новиот лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако во дербито на колото ја совлада Шкендија со минимални 1:0. Со оваа победа, најтрофејниот македонски клуб останува единствениот непоразен тим во првенството.

Стрелец на единствениот погодок беше Давид Бабунски, кој од пенал погоди на почетокот од второто полувреме.

Ова е прва лигашка победа на Вардар во Тетово по цели девет години, со што конечно беше прекината долгата црна серија. Победата ја потврди и ВАР-технологијата, која во финишот поништи гол на Бесарт Ибраими поради очигледна офсајд позиција.

Со триумфот, Вардар сега е прв со 24 бодови, пред Струга со 23, додека Шкендија и Силекс имаат по 21 бод.

Makedonski