ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Венко Филипче по поразот на СДСМ во Струмица

10

За владејачката партија, изгледа дека поважно од сопствената изборна победа е развојот на состојбите во опозициската СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека партијата доживеала тежок пораз на локалните избори, вклучувајќи го и нејзиниот долгогодишен бастион – Струмица.

„СДС на овие локални избори доживеа историски дебакл. Во главниот град партијата не успеа ниту да влезе во втор круг, а според резултатите, СДСМ во Скопје е дури четврта сила, зад коалицијата ‘Вреди’.

СДСМ, предводена од Венко Филипче, го изгуби во прв круг и бастионот Струмица. Граѓаните, дури и таму, јасно кажаа ‘не’ на нивните политики“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата дополнуваат дека под водство на Филипче, СДСМ се претворила во трета политичка сила на државно ниво, а во некои општини и четврта.

„Единствениот добар и корисен потег што може да го направи Венко Филипче за народот и за самата СДСМ е да си поднесе оставка“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Makedonski