Настан „Тоше те сакаме“ — прослава на ликот и делото на Тоше Проески во Ново Лисиче
Во чест на легендата на македонската музика Тоше Проески, на 16 октомври (среда), од 12 до 15 часот, на детската улица „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром ќе се одржи настан под слоганот „Тоше те сакаме“.
Настанот, кој се организира на иницијатива на жителите, во партнерство со Lions in Move, Bombakis, Boemot и RVR Brend, претставува искрена почит и сеќавање на човекот што остави неизбришлив белег во македонската музика и култура.
„Целта е да се испрати порака дека Тоше сè уште живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски симбол на добрината, љубовта и единството,“ велат организаторите.
Програмата ќе биде исполнета со музика, љубов и хуманост
Посетителите ќе можат да уживаат во настапите на деца од градинките и училишните хорови, како и на македонски музички ѕвезди, меѓу кои:
-
Огнен Здравковски
-
Мартинијан Кириловски
-
Наде Талевска
-
Марија Спасовска
-
Драган Темелков
-
Лили Акустик
-
Ивона Јо
-
Тамара Волческа
-
Владимир Поповски
-
Васил Ангелов
Тие ќе ги изведат безвременските хитови на Тоше Проески, во чест на неговото дело и наследство.
Покрај музичкиот дел, настанот ќе понуди и уметнички и интерактивни активности:
-
изложба на дела создадени од основци,
-
пишување на хумани пораки на картони со Bombakis,
-
создавање мега-слика во соработка со RVR Brend.
„Ги покануваме сите млади и возрасни да ни се приклучат, да пееме заедно и да го прославиме ликот и делото на Тоше. Да покажеме дека неговата порака за љубов, хуманост и добрина и понатаму живее меѓу нас,“ порачуваат организаторите.
Со песна, љубов и сеќавање, Македонија уште еднаш ќе му оддаде чест на човекот кој ја обедини со својот глас и срце — Тоше Проески.