Магија во срцето на стариот град: Манифестацијата „Охрид – Град музеј | Ноќ на музеи“ на 12 септември

2

Општина Охрид, во соработка со Културолошката иницијатива „5 до 12“, ги поканува сите граѓани, туристи и љубители на уметноста и културното наследство на посебното издание на настанот „Охрид – Град музеј | Ноќ на музеи“.

Културната манифестација ќе се одржи во сабота, на 12 септември 2026 година, во периодот од 19:00 до 23:00 часот.

Локација на настанот е препознатливата и автентична улица „Цар Самоил“, сместена во срцето на стариот дел на Охрид. Во текот на овие четири часа, просторот ќе пулсира во духот на уметноста, нудејќи им на посетителите единствена можност низ вечерна атмосфера да се поврзат со богатата историја, традиција и културен идентитет на градот под Самуиловата тврдина.

Организаторите упатуваат отворена покана до јавноста да биде дел од ова уникатно доживување и заеднички да се прослават вредностите на Охрид како жив музеј под отворено небо.