Објавени резултатите од гласањето за „Златната топка“: Воопшто не било напнато
Усман Дембеле славеше пред Ламине Јамал на неодамнешното гласање за „Златната топка“, а „Л’Екип“ ги откри резултатите од гласањето кои покажуваат дека напаѓачот на ПСЖ доминирал во наградата пред ѕвездата на Барселона. Разликата во гласањето била 321 поен, пишува „Л’Екип“.
Убедлива победа
За разлика од минатогодишното издание, кога Родри (Манчестер Сити) тесно го победи Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) со само 41 поен разлика, оваа година немаше неизвесност. Победата на напаѓачот на ПСЖ беше далеку поубедлива од онаа на неговиот главен конкурент, младиот Ламин Јамал.
 
			