Стевица Саркоски кандидат за градоначалник на Тетово од редовите на ВМРО-Народна партија

247

Откако настанаа негодувањата на политичките партии но и граѓанството на Тетово поради неистакнувањето на кандидати за градоначалник од страна на двете најголеми политички партии од македонскиот блок, уште на 24 јули општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово најави дека на претстојните локални избори ќе настапи самостојно со свој кандидат за градоначалник на Тетово и сопствена кандидатска листа за советници во Советот на општина Тетово.

Сходно на тоа, „ОК на ВМРО-Народна партија од Тетово ги известува сите граѓани и граѓанки на Тетово дека кандидат за градоначалник на општина Тетово од ВМРО-Народна партија е Стевица Саркоски, а носител на кандидатската листа за советници во Советот на општина Тетово е Драган Давидовски.“

Од тетовскиот огранок на партијата уште еднаш упатуваат порака дека „секогаш ќе бидат нивен сигурен партнер и дека никогаш нема да ги изневери интересите на македонскиот народ во Тетово и тетовско. Од партијата, исто така, испратија и порака до градоначалникот Билал Касами, со став дека „Тетово отсекогаш било и ќе остане македонски град“.

Makedonski