Собранието усвои Декларација за фер и демократски избори

5

Со 73 гласа „за“ и без ниту еден „против“, Собранието денеска усвои Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори за советници и градоначалници во општините и Градот Скопје.

Документот, поднесен од претседателот на парламентот Африм Гаши и координаторите на пратеничките групи, ја изразува заедничката заложба за почитување на уставните начела, тајното гласање и слободната волја на граѓаните. Во него остро се осудува семејното и групното гласање, како и сите форми на изборна корупција, поткуп, злоупотреба на државни ресурси и кампањи засновани на дезинформации.

Собранието повикува на политичка толеранција, еднаков пристап до медиумите, како и независно набљудување на изборниот процес од домашни и меѓународни организации.

„Со оваа декларација испраќаме силна порака за обединување над партиските разлики и гаранција за слободни, фер и демократски избори“, порача Гаши.

Makedonski