Чаби Алонсо за играчите кои досега немале минутажа:“На сите им го кажав истото!“

2

Реал Мадрид успеа да ја забележи втората победа на почетокот од новата сезона во Ла Лига по пресвртот, бидејќи Мајорка водеше со 1:0 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Гостите поведоа во 18-тата минута кога Пабло Торе му асистираше на Ведат Мурики, кој го совлада Куртоа за 0:1.
Сепак, до крајот на првото полувреме, Реал успеа да го сврти резултатот за само 60 секунди. Арда Гулер ги врати “кралевите“ во игра со гол за 1:1, а само минута подоцна на семафорот стоеше 2:1. Овој пат, Винисиус Жуниор ја затресе мрежата на Мајорка и тоа се покажа како конечен резултат на натпреварот.

Фран Гарсија? Разговарав со него исто како со Асенсио, Алаба и со сите оние кои сè уште не играле“, вели Алонсо и продолжи.
„Им го кажав на сите истото, а тоа е дека нивната шанса ќе дојде и тие ќе играат. Ќе има периоди кога ќе имаме три натпревари неделно и тогаш ќе морам да им распределам минути на сите играчи за да избегнам повреди. Тогаш ќе дојде време за нив“.

Makedonski