Еден од највозбудливите трендови во технологијата денес преставува Метаверзумот.
Тоа е замислен виртуелен свет, каде што луѓето можат да комуницираат, да работат, да играат игри, да одат на концерти, состаноци, училиште, па дури и да купуваат виртуелни работи, или со еден збор интернет, но во 3D, каде што може да се влезе со AR или VR очила, и дава чувство како да си “внатре” во дигиталниот свет.
🧠 Како AR/VR се рефлектира во реалниот свет?
- 
🎮 Достапен преку игри: Beat Saber, Half-Life: Alyx, VRChat, Rec Room 
- 
🧑💼 Работа: Виртуелни состаноци, 3D презентации, remote collaboration 
- 
🧑⚕️ Медицина: Обука за хирурзи, терапија за стравови (фобии) 
- 
🏗️ Архитектура/дизајн: Преглед на 3D модели „во простор“ 
- Образование: Виртуелни училници, интерактивно учење
Каде оди сето ова?
Во иднина, се очекува спојување на реалниот и виртуелниот свет, особено со напредни AR уреди кои ќе изгледаат како обични очила.
Компаниите како Meta, Apple, Google, Microsoft, и Sony активно работат на ова, бидејќи Метаверзумот не е една апликација, туку екосистем од платформи, уреди и технологии – слично како што интернетот не е една веб-страница, туку цел свет поврзан со мрежи.
Метаверзумот е следниот чекор по интернетот – место каде не само што ќе гледаме содржина, туку и ќе живееме во неа. Дигитален свет во кој ќе работиме, учиме, дружиме и ќе се движиме како да сме таму присутни. Целта е едноставна: интернетот да стане пореален, попривлечен и поповрзан од кога било досега.Дали ви изгледа привлечно оваа не толку футуристичка идеја?
 
			