Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот – Обвинителството покрена истрага

19

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 28-годишна жена осомничена за убиство во обид, откако во семејниот дом се обидела да ја задуши бабата на сопругот.

Според Обвинителството, инцидентот се случил на 15 август во дом на улицата „Борис Бојаџиски“. Додека оштетената, родена во 1938 година, одмарала во една од собите, осомничената влегла, ја заклучила вратата, седнала врз неа и ставила перница врз главата со намера да ја задуши.

Жената ја притискала со перницата и ја удирала со тупаници по главата. Престанала кога помислила дека жртвата е мртва и му го признала тоа на сопругот, кој веднаш повикал полиција.

Постарата жена била пренесена во болница, каде што и биле констатирани нагмечувања на главата и вилицата, како и хематоми.

Јавниот обвинител побара притвор за осомничената, со образложение дека постојат околности кои укажуваат на ризик од повторување или довршување на делото.

Makedonski