Денеска променливо облачно, попладне нестабилно со услови за невреме во западниот дел на Македонија
Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. Попладневните часови, особено во западниот дел од земјата, ќе донесат услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.