Чествување на денот на хуманоста: Скопје го одбележува роденденот на Мајка Тереза, Албин Курти гостин на централната манифестација

9

По повод годишнината од раѓањето на големата скопјанка, хуманитарка и светица, Мајка Тереза, денеска во главниот град ќе се одржат низа свечени комеморативни и културни настани под државно покровителство.

Официјалната програма започнува во центарот на Скопје, каде што владина делегација предводена од првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на местото каде што некогаш се наоѓала нејзината родна куќа. По оддавањето почит, првиот вицепремиер Сали ќе даде изјава за медиумите.

Свечен настан во Музејот на современата уметност

Чествувањето ќе продолжи со централната манифестација која ќе се одржи во просториите на Музејот на современата уметност (МСУ), под покровителство на вицепремиерот Сали.

На свеченоста е најавено и присуство на високи гости од регионот, а главен гостин на настанот ќе биде премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Манифестацијата има за цел да ги реафирмира вредностите на солидарност, мир и безусловна хуманост кои светицата Мајка Тереза му ги остави во наследство на целиот свет.