КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ ВО ДНЕТ: Џунејт Рушид избран за нов потпретседател на партијата
Досегашниот генерален секретар на Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ/ТМБХ), Џунејт Рушид, со одлука на партиските органи е избран за нов потпретседател на партијата. По петгодишен мандат како генерален секретар, Рушид ја презема втората по важност функција во раководството на партијата.
Џунејт Рушид, кој во изминатиот период важеше за еден од клучните оперативци во ДНЕТ, преку официјално писмо му се заблагодари на претседателот Ердоган Сарач и на членството за укажаната доверба. Тој истакна дека изминатите пет години како генерален секретар биле период на посветена работа во духот на единството и солидарноста.
Во изминатите пет години со голема одговорност и чест ја извршував функцијата Генерален секретар на ДНЕТ. Во текот на овој период се трудев да работам во духот на единство, солидарност и посветена служба, во согласност со целите на нашата партија.Денес, со одлука на ДНЕТ, избран сум за Потпретседател на организацијата. Искрено им се заблагодарувам на нашиот Претседател, како и на сите членови на партија , за довербата што ми ја укажаа.И во мојата нова функција ќе продолжам да работам со истата посветеност, решителност и чувство на одговорност, останувајќи верен на вредностите на нашата партија и вложувајќи се за нашата татковина и нашата кауза.Со уверување дека преку единство и заедништво ќе изградиме уште посилна иднина, им изразувам благодарност на сите кои придонесоа во овој благороден пат и посакувам мојата нова функција да биде од полза за нашата партија и нашиот народ.