Ученик од четврто одделение извадил нож во училиштето „Киро Глигоров” – родителите бараат итна реакција

12

Загриженост и револт владеат меѓу дел од родителите чии деца учат во основното училиште „Киро Глигоров” во Центар, по инцидент на почетокот на февруари кога ученик од четврто одделение извадил нож од училишниот ранец. Благодарение на навремената реакција на наставничката не дошло до посериозни последици, но родителите тврдат дека ова не е изолиран случај и бараат итно преземање мерки.

Наставничката реагирала смирено и професионално

Инцидентот се случил во текот на наставата, кога ученикот од четврто одделение извадил нож од својот училишен ранец. Наставничката реагирала навремено и смирено, по што ученикот веднаш бил изведен од паралелката.

По настанот била контактирана мајката на ученикот, која потпишала изјава во која тврди дека ножот по грешка го ставила во ранецот при подготовка на појадокот.

Родителите: Објаснувањето не е доволно

За дел од родителите ваквото објаснување не е убедливо. Тие тврдат дека инцидентот со ножот не е единствен проблем поврзан со овој ученик и дека тој веќе подолго време покажувал проблематично однесување и малтретирал соученици.

Родителите бараат итна реакција од училиштето и надлежните институции за заштита на безбедноста на сите деца.

Македонски